Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска: Во Северна Македонија има само 2,6 проценти жени работодавачи

0
By Нова ТВ on October 20, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 20, 2019 09:48

Бројот на вработени мажи во Република Северна Македонија е повисок за над 150.000 во однос на вработените жени, додека жените учествуваат со поголем процент во неактивното население. Само 2,6 проценти од жените се работодавачи во земјава. Поактивното вклучување на жените во деловниот сектор и на раководни позиции, ќе придонесе за побрз економски раст и одржлив развој, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на панелот од високо ниво „Паметна родова економија“, кој се одржува во рамки на Годишните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон.

„Знаеме дека жените ширум светот се пообразовани од мажите. Исто така, знаеме дека жените низ целиот свет се помалку активни во деловниот сектор. Имаме многу мал процент на бизниси што ги водат жени. На пример, во Северна Македонија само 2,6 проценти од жените се работодавачи. Исто така, имаме поголем удел на мажи кај вработеното население, додека поголем удел на жени кај неактивното население. Мислам дека ако можеме да ги охрабриме жените да бидат поамбициозни, да се стремат кон повисоко, тогаш ова ќе биде важен фактор за економски раст. За да нашите економии се развиваат, многу е важно да вклучиме повеќе жени на лидерски позиции, рече Ангеловска.

На панелот говореа и министерката за финансии и економија на Албанија, Анила Денај, извршната директорка на Агенцијата за развој на Франција, Реми Ру и заменик директорката на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија, Катерина Матернова.

Модератор на настанот беше директорката на Светска банка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер. Таа истакна дека само 17 проценти од имотите во Северна Македонија се поседувани од жени или имаат жени косопственици и оти ситуацијата е слична во другите земји на Западен Балкан, како и дека овој податок не се должи на законска регулатива, туку на социјални норми.

Нина Ангеловска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.