Во второто полувреме бевме оние вистинските и без разлика што примивме гол во екстра времето, сепак, ја исполнивме целта, рече македонскиот селектор Игор Ангеловски по ремито во пријателскиот меч со Словенија. Единствено за што изрази жалење е пропуштената победа за навивачите против тимот кој во Скопје допатува да ја „одглуми“ Австрија.
– Задоволен сум од второто полувреме. Доминиравме, бевме оние вистинските, до примениот гол, а Словенија не се ни доближи до нашиот гол. Моравме да дадеме и втор гол и навреме да го затвориме натпреварот. Но, добро, се наоѓаме во подготвителен период, работиме по двапати во денот и нозете се тешки, истакна Ангеловски.