Воведувањето пензија за сите возрасни граѓани, според вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, нема да претставува големо оптоварување за буџетот, а ќе се реши проблем на голем број граѓани.
– Многу средства од Буџетот биле ненаменски трошени. Со малку средства од Буџетот ќе се решат проблеми на голем број од граѓаните кои се од повозрасните генерации, а притоа не остваруваат никакви приходи. Така што само со замена на парите за еден споменик колку пензионери и колку возрасни лица би добиле надомест и попристоен живот, рече Анѓушев.
Во врска со регистрацијата на физичките лица како ДДВ обврзници тој рече дека таа се применува години наназад, но смета дека треба да се размислува во насока да се подобри овој механизам и да не се оштетуваат пониските категории плаќачи и да се зголеми прагот кој сега е на еден милион денари.