Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анѓушев: Не влијаев на одлуката за враќање на рамниот данок

0
By Нова ТВ on November 3, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Годинава како никогаш досега се издвоени средства за поддршка на економијата, вкупно 55 милиони евра или 37 проценти повеќе од лани кога беа проектирани 40,7 милиони, а резултатите се конкретни и видливи. Бројките покажуваат 3,6 отсто раст на БДП во првата половина од 2019 година, 5,5 отсто раст на индустриското производство, 14 проценти раст на извозот и 17,5 отсто раст на вработувањата, рече денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Образложувајќи ги ефектите од Законот за финансиска поддршка на компаниите донесен минатата година, Анѓушев напомена дека домашната економија е на прав пат. Растот е поддржан од реални, не од виртуелни проекти и без какво било задолжување на државата. Јавниот долг и натаму, истакна, е во рамки на 48 и 50 отсто, како што беше во 2017 година.

Законот, потсети вицепремиерот, годинава претрпи измени за да ги опфати и компаниите од ИТ, земјоделскиот и градежниот сектор, како и сите што решиле да воспостават производство, а еднакво ги третира домашните и странските инвеститори. На заедничката прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши во Владата, соопшти дека договори за државна помош досега потпишале 171 компанија од кои 120 се нови, ако се земе предвид фактот дека лани оваа бројка била 97.

„Овие компании прават петгодишни планови и имаат најавено 230 милиони евра инвестиции од кои 110 милиони се веќе реализирани. Имаат најавено и 4.577 нови вработувања од кои досега се отворени 2.117. Многу е важно што домашните компани почнаа да веруваат во овој Закон и да аплицираат. Законот е за поддршка на индустријата и индустријализацијата на државата“, подвлече Анѓушев според кој, до 2017 година инвестициите беа во трудоинтензивни дејности, а сега се во капитални. Тоа подразбира вработување високоедуцирани кадри и високи плати чија почетна сума го надминува македонскиот просек.

Помошта е дисперзирана, ја добиваат компании низ целата држава, има рамномерен регионален пристап што придонесува за генерален развој. На новинарско прашање дали можеби учествувал во одлуката за враќање на прогресивното оданочување и дали како човек кој има удел во многу компании штити бизнис интереси, Анѓушев беше дециден.

„Апсолутно не. Министерството за финансии ги правеше анализите, јас ги видов на владина седница кога беа разгледувани. Немав никакво влијание во делот на носењето на оваа одлука“, нагласи вицепремиерот.

Во врска со реакциите на претходниот министер за финансии Драган Тевдовски и неговиот советник Бранимир Јовановиќ, не кажа ништо. Само рече дека секој има право да коментира и дека економијата треба да се води врз основа на реални бројки, а нив ги објаснија министерката и премиерот.

данок економија компании Кочо Анѓушев поддршка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.