Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анима Мунди:Најстрога казна за сопственикот чие куче нападнало луѓе

1
By Нова ТВ on December 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ денеска преку соопштение реагираше на вчерашниот настан во кој од расно куче кое има сопственик беа каснати шест лица меѓу кои и две деца.

„Потресени сме, засегнати лично и чувствуваме одговорност и потреба  повторно да го посочиме коренот на за да ваква случка никогаш не се повтори. Нападите се случиле од расно куче кое е непознато на локалното население и на активистите за заштита на животните од тој реон, кое некој го пуштил и се обидуваме да го лоцираме, го бараме. Во тој дел живеат бездомни кучиња кои се сите стерилизирани – вакцинирани – обележани и за кои локалните жители и наши активисти се грижат, кои се миленици на децата кои живеат таму. Вината за овој настан е во неодговорните сопственици, во оние кои кучето го воспитале/научиле да напаѓа, а кои го пуштаат слободно да шета и на тој начин ја изложуваат јавноста на опасност – во нив е целата одговорност и бараме итно да одговараат“, пишува во соопштението на „Анима Мунди“.

Од здружението велат дека неодговорното сопствеништво е причинител  број 1 за постоење на бездомните кучиња на улица; испуштените од контрола и неодговорно чуваните кучиња се оние кои се недоволно социјализирани и оние кои главно напаѓаат.

„Јавноста мора да знае дека сите проблеми со прекубројноста на кучињата на улица потекнуваат од неодговорното сопствеништво.  Анима Мунди во повеќе наврати достави предлог законски измени и бара дефинирање на строга законска рамка околу одговорностите кои следат доколку се чува куче и би биле првите кои од неодговорните сопственици би барале најстрога одговорност. Ние бараме да се создаде јавна и единствена база на податоци од домашни миленици, да се налага идентификација и регистрација на животните и на сопственикот, да се поттикнува кастрација и стерилизација на домашните миленици преку оданочување за некастриран миленик и субвенционирање на кастрацијата и стерилизацијата од страна на општината/државата. Имајќи ја во предвид ситуацијата во нашата држава, со цел сеопфатно третирање и решавање на проблемот со прекубројноста на кучињата, предлагаме и воведување на забрана за непречено размножување на домашни животни и применлив систем на санкции во случај на неодговорно сопствеништво. Поточно инсистираме да за напуштање и неконтролирано (непријавено/ неоданочено) размножување на домашен миленик бидат изрекувани најстроги казни на сторителите“ пишуваат од здружението.

Тие предлагаат и да да се регулира и најстрого да се казнува злоупотребата на кучиња во борби и создаде регистар на лица кои организирале / учествувале во борби на животни.

„Здруженијата не сакаат бездомни животни на улица и волонтерски, самостојно, континуирано дејствуваат и реално придонесуваат кон намалување на бројката бездомни кучиња; вдомување наместо купување миленик; стерилизација, формулирање законска рамка која ќе санкционира неодговорно сопствеништво – напуштање и неконтролирано размножување на милениците. Додека не се регулира оваа проблематика темелно, додека граѓаните не одговараат за сопствените постапки, додека секој може да набави куче и истото го исфрли на улица кога ќе посака, ние ќе се вртиме во круг и овие случаи ќе се повторуваат во недоглед“, наведено е во соопштението.

Од таму додаваат дека по многу години за прв пат наидувааат на институционална расположивост за третирање и надминување на овој проблем.

Настанот бил пријавен и во Полициската станица Аеродром. Во билтенот на МВР пишува дека напад од куче пријавиле шест лица, од кои две жени на возраст од 40 и 44 години и четири деца на возраст од 10 до 14 години.

Иако од сведоци на настанот се вели дека нападот било од расно куче, полицијата само ја известила шинтерската служба и не е направена истрага дали се работи за домашен миленик кој има сопственик.

На Клиниката за инфективни болести девет лица побарале лекарска помош откако синоќа биле каснати од куче меѓу булеварите „Јане Сандански“ и АСНОМ“ во населбата Аеродром, информираат од таа јавна здравствена установа.

Од Клиниката посочуваат дека на тие што не биле вакцинирани им била дадена тетанус вакцина, по што биле пуштени на домашно лекување.

Анима Мунди куче напад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.