Published: Saturday, November 28, 2015 12:52
Турското министерство за надворешни работи ги советува граѓаните да ги одложат сите патувања во Русија кои не се итни.
Одлуката е најнова во серијата потези на Анкара и Москва, по соборувањето на рускиот воен авион.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера ја предупреди Русија да „не си игра со оган“, иако истакна дека би сакал тет- а-тет средба со рускиот претседател Владимир Путин.
Путин пак, одби какви било разговори со Ердоган се додека Анкара не се извини.
Во меѓувреме, Москва најави дека го укинува безвизниот режим со Турција, и од 1 јануари следната година воведува визи за турските државјани.




