Турскиот министер за правда Бекир Боздаг упати писмо до американскиот колега Џеф Сешнс во врска со барањето на Анкара за екстрадиција на муслиманскиот имам Фетула Ѓулен, кого Анкара го смета за одговорен за неуспешниот државен удар минатата година.
Боздаг во писмото ги повторува очекувањата на Турција од Вашингтон во врска со неговото предавање кое, како што веи, значително же придонесе за унапредување на билатералните односи, пренесува весникот Хуриет.
Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави вчера дека турските власти, депортацијата на Ѓулен би ја сметале како позитивен чекор, доколку не е можна екстрадиција директно во Турција.
-Ние сакаме судење. Но треба да бидат спроведени и административни мерки. Нашиот приоритет е екстрадиција, но и депортацијата во друга змеја би ја сметале како позитивен чекор, рече Јулдирим.
Тој рече дека Анкара ќе остане одлучна и додаде дека разговорите за екстрадиција на Ѓулен со американските претставници продолжуваат.
Владејачката турска Партија на правдата и развојот, рече тој, смета дека новата американска администрација по ова прашање е почувствителна и поотворена за разговор.




