Published: Monday, November 20, 2017 17:05
Градоначалникот на турскиот главен град Анкара, ги забрани јавните настани поврзани со лезбејски, хомосексуални, бисексуални и трансродови прашања, наведувајќи дека „тие би можеле да испровоцираат омраза и насилство“.
Забраната вклучува настани поврзани со филмски фестивали, форуми, интервјуа и изложби.
Од канцеларијата на градоначалникот велат дека забраната ќе помогне да се промовираат „јавниот ред, превенција од криминал и здравјето и моралот“.
За разлика од многу други муслимански земји, хомосексуалността е легална во Турција, но активистите велат дека припадниците на ЛГБТИ заедницата се често предмет на непријателство и хомофобија.




