Published: Tuesday, September 27, 2016 15:00
Турската Влада отпушти 87 членови на Агенцијата за државна безбедност, во рамките на острите мерки по неуспешниот обид за државен удар во јули, објави државната агенција Анадолија.
Функционерите на МИТ се отпуштени поради сомневање за поврзаност со свештеникот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД и кој Анкара го обвинува за организирање на Пучот и од САД побара негово апсење. Ѓулен од почетокот негира каква било поврзаност со тоа.
Во меѓувреме, денеска Анкара издаде налози за апсење на 121 вработен на хуманитарната организација Kимсе Јок Му, поврзана со Ѓулен.
Владата досега уапси над 40.000 луѓе под сомнение за поврзаност со државниот удар и избрка од работа десетици илјади луѓе од работа.




