Published: Friday, August 12, 2016 14:51
Турција денеска соопшти дека добила „позитивни сигнали“ од САД околу барањето за испорачување на имамот Фетула Гулен кого Анкара го обвинува за организирање на минатомесечниот обид за воен удар.
– Почнавме да добиваме позитивни сигнали што се однесува до екстрадицијата на Гулен, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Тој додаде дека Анкара подготвува и дополнителни документи кои ќе им ги испрати на Вашингтон во врска со екстрадицијата.
-Сите во светот занаат кој стои зад обидот за пуч, рече Чавушоглу.
Гулен кој живее во егзил во Пенсилванија, ги отфрла обвинувањата на Анкара.




