Published: Tuesday, October 4, 2016 09:32
Турските власти суспендираа 12.800 полицајци поради наводна поврзаност со имамот Фетула Ѓулен кого Анкара го обвинува дека стои зад неуспешниот воен удар во јули годинава.
Како што е соопштено, во рамките на истрагата суспендирани се 12.801 полицаец од кои 2.523 се шефови на полиција.
Претходно, околу 100.000 вработени во војската, јавните служби, полицијата и судството се отпуштени од работа или се суспендирани по неуспешниот пуч, додека 32.000 луѓе се уапсени.
Турската влада во меѓувреме вчера ја продолжи вонредната состојба во земјата за уште три месеци, почнувајќи од 19 октомври.




