Повеќето Амеиканци се против предлогот на претендентот за претседателска кандидатура кај Републиканците Доналд Трамп, да се забрани влез на муслиманите во САД, додека секој четврти учесник во анкетата поддржува ваква идеја – покажува испитувањето на јавното мислење на ТВ мрежата Ен Би Си њуз и весникот Волстрит Џорнал.
Во проценти, 57 отсто од Американците се против, додека 29 отсто се за идејата на американскиот милијардер, а 18 проценти немаат став за ова.
Трамп во меѓувреме ја отфрли идејата дека неговиот предлог да им се забрани влез на муслиманите во САД, е „антиамериканска“, порачувајќи дека „САД се сега во војна“.
Во соопштението во врска со анкетата, Трамп вели дека испитувањата на јавното мислење укажуваат на омразата на муслиманите кон Американците што би можело да резултира со нови напади.
-Без разлика на анкетите, на сите им е очигледно дека таа омраза е несватлива. Мора да утврдиме од каде потекнуваа таа омраза и зошто, вели Трамп.




