Американските гласачи се скептични во врска со сигурноста на изборниот апарат во САД и 41 процент од нив сметаат дека изборите би можеле да бидат „украдени“ на штета на Доналд Трамп, покажува денеска објавеното истражување на јавното мислење.
Според анкетата на агенцијата Морнинг консалт која ја објави американскиот портал Политико, изборна кражба очекуваат околу 73 проценти од републиканците и 17 од демократите.
Резултатите покажуваат дека гласачите се помалку веруваат дека гласовите од цела земја ќе бидат соодветно преброени на изборниот ден, изјави главниот истражувач на Морнинг консалт Кајл Дроп.
Истражувањето покажува дека 50 отсто од демократите веруваат дека Русија се обидува да влијае на изборите, додека меѓу републиканците тој процент е 32 отсто.
Исто така речиси половина од приврзаниците на републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп (49 отсто) сметаат дека Русија е сојузник или пријателска земја.
Во исто време, само 19 проценти од приврзаниците на кандидатката на демократите Хилари Клинтон има позитивно мислење за Русија.
Анкетата, во која учествуваа 1.999 регистрирани гласачи е спроведена од 13 до 15 октомври.




