Најверојатниот претседателски кандидат на Демократите Хилари Клинтон води со 11 проценти пред претседателскиот кандидат на Републиканците Доналд Трамп, покажува анкетата на Ројтерс/Ипсос, објавена вчера.
Он лајн анкетата спроведена од понеделник до петок оваа недела, покажува дека 46 процети од гласачите ја поддржуваат Клинтон, додека 34.8 проценти би гласале за Трамп. 19.2 процети не би поддрѓале ниту еден од овие кандидати на претседателските избори.
Обете партии и Демократската и Републиканската во јули ќе одржат конвенции, кои ќе претходат на изборите закажани за 8 ноември.
Предноста на Клинтон е речиси еднаква со онаа од пред една недела.
Клинтон оваа недела го победи партискиот ривал Берни Сандерс во 4 од шест федерални држави во кои се одржаа прелиминарни избори, а исто така доби и поддршка за кандидатурата од претседателот Барак Обама, од потпретседателот Џо Бајден, од сенаторката од Масачусетс Елизабет Ворен и од други лидери во партијата.
Трамп неделава се соочи со проблеми околу неговиот Универзитет, во врска со судските процеси за измама на илјадници луже вклучувајќи голем број од нив кои плаиле и по 35.000 долари да ги научат стратегиите на Трамп за бизнисот со недвижности.
Мултимилионерот кој ги оцени процесите како политички, рече дека еден од судиите, инаку Мексиканец по потекло, бил лично погоден со неговите изјави дека ќе изгради ѕид на границата со Мексико.
Трамп изјави дека очекува слични реакции и од судиите со муслиманска вероисповед, бидејќи тие се погодени од неговите изјави да се воведе привремена забрана за влез на муслимани во САД.
Анкетата е спроведена на 1.276 испитаници со можност за грешка од 3.2 проценти.




