Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета МЦМС/Телма: Над 50% од граѓаните се задоволни од Владата

0
By Нова ТВ on September 14, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За првпат по 10 години, владејачката СДСМ е во предност пред опозициската ВМРО ДПМНЕ, покажуваат резултатите од анекетата на Телма и МЦМС спроведена од агенцијата М проспект во периодот од 4 до 11 август.

Синоќа во емисијата „Топ тема“, беа објавени неколку прашања од анкетата, меѓу кои и „дали сте задоволни од работата на Владата во првите 100 дена “

Според резултатите, 58,9 отсто од граѓаните одговориле позитивно, 35 отсто одговориле негативно, а 6,2 отсто останале воздржани од одговор.

 

Анализирано по етничка линија многу поголемо е задоволство кај Албанците, споредено со Македонците. Анализирано и само во македонскиот етнички блок преовладуваат задоволните со 14 процентни поени пред незадоволните.

На прашањето, како граѓаните ги перцепираат претстојните локални избори, 60 проценти од анкетираните сметаат дека тие се само редовни локални избори, додека за 31,3 отсто претстојните избори претставуваат проверка на рејтингот на партиите и евентуален вовед во парламентарни избори.

На прашањето што влијае на изборот личноста или партијата 47,1 отсто од анкетираните одговориле дека за нив е битен кандидатот, неговата личност, образование, искуство и репутација, за 38,1 отсто важен е квалитетот на изборната програма што ќе ја понуди, а само за 9,4 отсто клучна е партиската припадност.

Анкeтата е спроведена телефонски на 1005 исипитаници и е национално репрезентативна.

анкета ВМРО-ДПМНЕ МЦМС СДСМ Телма
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.