Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

0
By Zoran Ivanov on August 21, 2025 СВЕТ, ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вашингтон: Педесет и осум проценти од Американците веруваат дека сите земји-членки на ОН треба да ја признаат Палестина како независна држава, покажа анкета на Ројтерс/Ипсос.

Околу 33 проценти од анкетираните не го поддржуваат признавањето на државата Палестина, додека девет проценти не одговориле. Резултатите од шестдневната анкета, која заврши во понеделникот, беа објавени откако блиските сојузници на САД, Канада, Велика Британија и Франција, објавија дека ќе ја признаат државата Палестина. Тоа го зголеми меѓународниот притисок врз Израел во услови на продлабочување на хуманитарната криза во Појасот Газа.

Израелските власти вчера изјавија дека Израел разгледува одговор на предложеното 60-дневно примирје на Хамас, кое би вклучувало ослободување на половина од израелските заложници во Газа. Во меѓувреме, Канада, Австралија, Велика Британија и други европски земји изјавија дека хуманитарната ситуација во Газа достигнала „неподносливи размери“, а агенциите за помош предупредија дека населението е на работ на глад.

Канцеларијата за човекови права на ОН, исто така, објави дека Израел не дозволува доволно хуманитарни залихи во Појасот Газа за да спречи масовно гладување. Израел негира одговорност и го обвинува Хамас за проневера на помошта, иако групата остро го негира ова.

Анкетата покажува дека 65 отсто од испитаниците велат дека САД треба да преземат мерки за да му помогнат на гладното население во Газа. 28 посто од анкетираните мислат поинаку, при што 41 процент од нив се поддржувачи на Доналд Трамп и Републиканската партија.

Анкетата, исто така, покажа дека 59 посто од Американците веруваат дека воениот одговор на Израел во Газа бил прекумерен, додека 33 отсто не се согласуваат. Во слична анкета минатиот февруари, 53 проценти сметале дека одговорот на Израел е прекумерен, додека 42 отсто имале спротивно мислење.

 

анкета Палестина САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.