Американскиот магазин Тајм започна анкета за традиционалниот избор на „Личност на годината“, а резултатите од првите денови на гласањето се дека основачот на Викиликс Џулијан Асанж води за три проценти пред новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп.
Резултатите ќе бидат познати на 7. декември.
Иако за доделувањето на оваа традиционална титула одлучуваат уредниците на магазинот, тие велат дека анкетата во која учествуваат читателите им е важен показател, кој според мислењето на јавноста кајмногу ја обликувал 2016 година.
На листата се наоѓаат и Хилари Клинтон, како претседателски кандидат на Демократите, Џејмс Коми, директор на ФБИ, Тим Кук, претседателот на УП на Епл, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кошаркарот Леброн Џејмс, лидерот на Северна Кореја Кин Јонг Ун, пејачката Бијонсе, лидерката на Националниот фронт во Франција Марин ле Пен, британската премиерка Тереза Меј, американскиот претседател Барак Обама, неговата сопруга Мишел, рускиот претседател Влдимир Путин, основачот на Фејсбук и др.
Традицијата за избор на „Личност на годината“ на Тајм датира од 1927 година и оваа титула досега ја понесоа различни личности, од астронаути до демонстранти. Лани личност на годината беше германската канцеларка Ангела Меркел.




