Published: Wednesday, August 24, 2016 11:10
Кандидатката за претседател на САД на Демократската партија Хилари Клинтон води во анкетите во однос на ривалот од Републиканската партија Доналд Трамп за 12 проценти, објави Ројтерс/Ипсос.
Истражувањето е спроведено од 18 до 22 август и покажало дека Клинотн има поддршка од 45 проценти од гласачите, додека зад Трамп застанале 33 отсто.
Клинтон е во водство поголем дел од камапањата, но оваа предност покажува дека поддршката за неа се зголемува.
Претходно разликата меѓу двајцата кандидати беше од 3 до 9 проценти.




