Републиканскиот кандидат во трката за претседател на САД Доналд Трамп во моментов води со 44 проценти наспротив 39 проценти во однос на неговата ривалка од Демократската партија Хилари Клинтон, покажува најновата анкета на телевизиската мрежа Си Ен Ен.
Рејтингот на Трамп по Конвенцијата на партијата скокна за 6 проценти и тоа воедно е неговиот најдобар рејтинг во однос на Клинтотн од септември 2015 година.
Предноста главно се должи на зголемувањето на поддршката меѓу независните гласачи од кои 43 процебти по Конвенцијата рекле дека најверојатно ќе го поддржат, додека 41 отсто се изјасниле дека нема да застанат зад него.
Анкетата исто така ја одразува и острата поделба по степенот на образование меѓу белците гласачи која доминираше во текот на кампањата.
Клинтон всушност ја зајакнал позицијата кај белците гласачи со високо образование и има предност над Трамп од 44 процебти наспроти 39 отсто гласови за Трамп меѓу ова тело.
Трамп пак го зголеми водството кај белците гласачи со поизок степен на образование на 62 отсто наспроти 23 проценти кои ја поддржуваат Клинтон.




