Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета: За 45% од Грците е прифатливо сложено име со термин Македонија

0
By Нова ТВ on May 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За 45 отсто од Грците е прифатливо решение за сложено име со вклучен термин Македонија, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од агенцијата „Прората“ за грчкиот Институт за алтернативни политики ЕНА, што ги објавува весникот „Етнос“, пренесува МИА.

На истото прашање, 23% од анкетираните рекле дека „перспективата за признавање на ПЈРМ со сложено име што ќе го содржи терминот Македонија им предизвикува бес за оние што прифаќаат такво нешто“, 14 отсто одговориле дека се срамат што се Грци, 13% се рамнодушни, додека пак пет проценти одбиле да одговорат.

Во истражувањето на јавното мислење, на анкетираните им се поставува и прашањето за тоа, кои се непријателските земји за Грција. Број еден непријател, за 87 отсто од испитаниците е Турција, а 45 проценти сметаат дека Македонија е непријателска кон јужниот сосед.

На прашањето „кои од следните земји ги сметате за непријателски“, анкетираните имале можност да одберат позитивен или негативен одговор. Поконкретно:

– За Македонија, 45% одговориле да, 38% не

– За Албанија, 47% да, 37% не

– За Бугарија, 70% не, 10% да

– За Турција, 87% да, 7% не

Шеесет и девет проценти од анкетираните сметаат дека Македонија не претставува закана за територијалниот интегритет на Грција, наспроти 21 отсто што одговариле позитивно.

Во однос на тоа дали интеграцијата на Македонија, Албанија и Турција во ЕУ ќе ги подобри односите со Грција, за Скопје и Тирана, Грците имаат позитивен став, додека пак за Анкара одговараат негативно.

– За Македонија, 57% одговориле да, 35% не

– За Албанија, 56% да, 37% не

– За Турција, 27% да, 64% не

На прашањето, кој е најважниот проблем во грчката надворешна политика, 46 проценти рекле дека тоа е управувањето со турската позиција кон Грција, 34 отсто справувањето со бегалскиот бран на грчките острови, а само пет проценти од анкетираните сметаат дека најважниот проблем е управувањето со прашањето со името.

анкета Грција името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.