Британската конзервативна партија на премиерот Борис Џонсон убедливо води во анкетите на јавното мислење во однос на опозициската Лабуристичка партија и другите партии.
Во последните пет анкети меѓу 36 и 42 проценти од гласачите би гласале за ториевците додека меѓу 21 и 29 проценти би гласале за лабуристите.
Меѓу 14 и 20 проценти од гласачите би гласале за либералните демократи, од седум до 13 отсто за Партијата Брегзит, а за „Зелените“ се изјасниле пет-шест проценти гласачи.
Анкетите се спроведоа во периодот од 25 до 31 октомври и со нив беа опфатени меѓу 1.001. до 2.004 Британци.