Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкетната комисија едногласна дека нема основа за разрешување на Илир Мета

0
By Нова ТВ on July 20, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 20, 2020 18:23

Прекршувањата направени од претседателот Илир Мета, во форма на дејствија или пропусти, не се доволни за да се предложи разрешување на претседателот на пленарна седница на Парламентот.

Ова е заклучокот постигнат во финалниот извештај, изгласан денеска од страна на парламентарната анкетна комисија, формирана да ја испита законитоста на дејствијата што ги направил претседателот на државата во остварувањето на неговите овластувања, поврзани со спроведување на локаланите избори, како и да се контролира законитоста на неговите постапки при именувањето на уставните судии.

Претседателот на комисијата, Улси Мања, најави дека извештајот и заклучоците ќе биде доставени до Собранието во рок од една недела.

-Врз основа на член 20 за активноста на анкетната комисија, на Собранието му се препорачува дека нема основа да се бара разрешување на претседателот. Предлагаме преглед на уставните одредби и одредба на органски закон регулиран за претседателот, што, исто така, предвидува механизми за деблокирање. Анкетната комисија сугерира јасни одредби за да не се блокира изборен процес во иднина, рече Мања.

Анкетната комисија сугерира измена на законот со кој се објаснува и проценува важноста на прекршувањата за неорганизирање официјални заклетви за членови на Уставниот суд.

И покрај претходната најава дека ќе подготват свој извештај и обвинија дека сменетиот став на социјалистите е „игра меѓу владејачкото мнозинство и претседателот“ членовите на комисијата од парламентарната опозиција го подржаа извештајот.

Парламентарното мнозинство, во што беше подржано и од дел на опозициските пратеници, по барање на СП формира анкетна комисија за смена на Мета откако тој ја поништи уредбата со која прво локалните избори ги закажа за 30 јуни, па ги презакажа за 13 октомври. Локалните избори, сепак, се одржаа на 30 јуни на кои учествуваше само коалицијата предводена од СП, а опозицијата ги бојкотираше, па од 61 нов градоначланик дури 60 се од СП.

Социјалистите обвинија и дека Мета ги прекршил уставните надлежности при давањето заклетва на уставните судии.

Претходно и Венецијанаскта комисија достави мислење дека Мета не направил големи прекршувања за да биде разрешен.

Мета, пак, и пред анкетната комисија и пред делегацијата на Венецијанската комисија, која престојуваше во Тирана, рече дека тој тоа го направил за да спречи „големи крвави нереди,што се подготвувале, а за што добил информации од тајните служби“.

Тој, исто така, им порача на оние кои сакаат да го разрешат дека како претседател ќе остане во одбрана на албанскиот Устав, се додека не заврши неговиот петгодишен мандат.

-Институцијата претседател до 24 јули 2022 година ќе биде цврст столб на одбрана на Уставот, демократијата, плурализмот, националниот и јавен интерес, со единствена цел, а тоа е брзо зачленување на Албанија во Европската Унија, порача Мета.

Претседателот на Албанија го избира парламентот со двотертинско мнозинство од вкупно 140 пратеници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.