Published: Monday, February 7, 2022 17:06
Црногорската полиција во моментот проверува дали е поставена експлозивна направа во пристаништето во Бар, изјавија за „Вијести“ од Полициската управа (УП).
Од пристаништето соопштија дека вработените веднаш биле евакуирани и дека нивните вработени преземаат мерки и дејствија од нивна надлежност.
Радио Бар јави дека машки глас анонимно пријавил за поставен експлозив во пристаништето во Бар. Повикот бил околу 12 часот од непознат број и притоа мажот им соопштил дека доколку не ја известат полицијата „за 10 минути цел Бар ќе биде кренат во воздух“, пренесе весникот „Вијести“.




