НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупциска бара Обвинителството да отвори истрага за луксузниот подарок на Рашковски, возило во вредност од над 50.000 евра

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 28, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе поведе иницијатива за утврдување одговорност за Драги Рашковски до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, за незаконито постапување со цел примање награда – возило.

ДКСК има сомневање за сторено кривично дело од Рашковски по член 359, став 1 и 2 од Кривичниот законик, односно примање награда за противзаконито влијание.

Според Горан Трпеноски, член на ДКСК, кој денеска го образложи овој случај, екс генералниот секретар во Владата, Драги Рашковски и покрај укажувањата од Министерството за транспорт и врски, очигледно тенденциозно, доставувал информација до Владата за градење од гостиварска фирма објекти што се сопственост на државата, која за десеткратно помала цена продала возило на Игор Христов, а тој потоа го подарил на сопругата на Рашковски.

Во анкетниот лист од 05.03.2021 година Драги Рашковски, тогашен секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата за работа на Владата, навел дека со договор за подарок неговата сопруга се стекнала со автомобил марка „доџ“, произведен 2005 година во вредност од 300.000 денари или околу 5.000 евра, без да наведе дополнителни карактеристики за возилото.

Од документацијата, како што наведе Трпеноски, произлегуваат сомневања за незаконито постапување на Рашковски, со цел примање награда, во конкретниот случај – возило.

Од МВР до Антикорупциска биле доставени два договора и тоа за купопродажба на возилото „доџ“ кабриолет склучен на 09.11.2020 година меѓу гостиварска фирма и Игор Христов и договор за истото патничко возило склучен на 10.02.2021 година меѓу Игор Христов и Вероника Рашковска, сопругата на Драги. Инаку, потсети Трпеноски, Христов е и советник во Владата, како и еден од осомничените во случајот со Рашковски за набавка на софтверите.

Трпеноски појасни дека по извршената проверка на пазарот, оваа марка на возило иако е произведена 2005 година чини од околу 50.000 евра па нагоре, што е, како што рече, десеткратно повисока вредност од наведената цена во договорот.

За оние кои се разбираат што е „доџ вајпер“, нагласи тој, новото возило се движи до сто и кусур илјади евра.

– Од наведеното произлегува дека блиско лице на Рашковски, добила на подарок од Игор Христов возило што вреди околу 50.000 евра, кое го купил за невообичаено ниска цена од гостиварската фирма, која пак имала поднесено барање за спроведување постапка за склучување пред договор за пренесување на правата за градење објекти што се сопственост на државата, доставено до Владата. Тоа води кон сомневање за преземање дејствија спротивни на закон. По извршената проверка откриено е дека на 17.12.2018 година до Генералниот секретаријат на Влада, гостиварската фирма доставила барање за спроведување постапака за склучување пред договорот. Во барањето се известува за имот за катастарска Општина Гостивар во вкупна површина од 366 квадратни метри деловен простор, имот сопственост на државата, а со право на користење на УЈП во Гостивар и Централниот регистар – Гостивар, појасни Трпеноски.

Рашковски и покрај укажувањата од Министерството за транспорт и врски за неисполнетоста на законските услови, во повеќе наврати, продолжува со дејствијата.

И покрај негативното мислење на Министерството за транспорт и врски од Генералниот секретаријат повеќепати во текот на 2019 година на дневен ред на седница на Владата била доставена информација со цел пред договор за пренесување на правата на гредење на гостиварската фирма, по која што, како што рече Трпеноски, се донесени различни заклучоци за овластувања, за потпишување на наведениот преддоговор.

Ако има за пет илјади евра да се купи вакво возило, повика Трпеноски, јас би купил такво.

– Тука има доста работа и за обвинителството, за инспекциските служби, за катастар. Како е направен техничкиот пропуст, зошто од 2011 година, кога е донесено решение за приватизација досега не е извршена корекција, рече меѓу другото Трпеновски.

Објектот што се споменува во овој случај во Гостивар, според Трпеноски, најверојатно е влезен и во стечајната маса на пропаѓањето на Евростандард банка и на Здружението на оштетени штедачи реагирале за овој случај.

Антикорупциска истрага обвинителство Рашковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.