Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупциска постапува во случај кога директор на јавно претпријатие повторно си се самовработил како административец за пак да биде назначен за директор

0
By Mirjana on November 1, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 1, 2021 13:31

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на седница разгледуваше прв случај – предмет пристигнат кај нив, за вработување кога едно лице директор во Јавно претпријатие се вработува себеси, во истото ЈП.

Антикорупција ќе покрене иницијатива за кривична одговорност пред Јавното обвинителство за повреда на член 353 од Кривичниот законик, односно иницијатива за утврдување одговорност. Пред новиот градоначалник и на новиот Совет на општината ќе достави иницијатива за одговорност на директорот и на в.д. директорот на Јавното претпријатие.

ДКСК по разгледување на документите кои им се доставени и, како што рече Катица Николовска, член на Антикорупција, која го образложи овој предмет, недвосмислено упатуваат на  планирано сценарио, но и одредбите од Законот за спречување на корупција, директно ги поврзува како злоупотреба на службена положба за остварување корист за себе или за друг.

Таа појасни дека директорот за себе обезбедил корист на начин што си се вработил во јавната администрација, а в.д. директорот на ЈП и градоначалникот користејќи ја својата функција и положба, обезбедиле корист за друго лице односно за актуелниот директор.

На денешната седница на Антикорупциска, Николовска информираше дека директор на Јавно претпријатие користејќи ја својата положба како директор, обезбедувал услови преку јавно објавување оглас за вработување на стручно лице во јавната администрација на ЈП, да си обезбеди за себе работно место, така што после завршувањето на неговиот мандат како директор, би можел да се врати во институцијата како вработено лице.

– Симптоматично беше што директорот на ЈП дава оставка од функцијата директор, се бира в.д директор, па понатаму оди конкурс за избор на јавни службеници, па после повторно оди конкурс за избор на директор. Сето тоа би било во ред доколку, како главна улога во сета таа постапка не е едно исто лице односно директорот во ЈП, рече Николовска, член на ДКСК.

По поднесната оставка, подвлече Николовска, градоначалникот на таа општина, согласно Законот за јавни претпријатија, од редот на вработените избира заменик директор и тој објавува конкурс за избор на стручно лице во јавната администрација, а условите и се друго е предвидено со правилникот и со актите. Самата постапка нема слабости, потенцира таа, се е согласно законите и роковите, комисијата за селекција го избира кандидатот – директорот.

Извесно време по завршување на постапката на процедурата за избор на јавен службеник, се објавува конкурс за избор повторно на директор на ЈП, бидејќи в.д. е најмногу шест месеци. И сето тоа би било добро, наведе Николовска, доколку стариот директор, сега јавен службеник, не се јави како единствен кандидат за директор и градоначалникот го бира него повторно за директор на ЈП.

– Сето тоа е регистрирано во Агенција за вработување, актите се донесени, в.д. директорот повторно се вратил во редот на вработените во ЈП и што би рекле и волкот сит и овците на број, така што актуелниот директор кога ќе му престане мандатот, има можност да си се врати како редовен вработен во јавната админситрација на ЈП, појасни Николовска.

Режирано и за срамота, филм за деца, рече членот на ДКСК, Нури Бајрами. – Да се поднесе иницијатива за уште еднаш ова да не се повторува на ваков начин, додаде тој

ДИРЕКТОР НА ЈП СИ СЕ САМОВРАБОТИЛ КАКО АДМИНИСТРАТИВЕЦ ДКСК случај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.