Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупциската комисија бара Обвинителството да отвори постапка против екс градоначалникот Георгиевски и актуелниот Садики

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 15, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење во Основното јавното обивнителство против поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и против актуелниот градоначалник на Општина Студеничани Азем Садики.

Како што беше појаснето на денешната седница на Антикорупциската комисија, за екс градоначалникот Георгиевски постојат основи за сомневање во врска со изградбата на катастерска парцела во Општина Маџари на ул. „Перо Наков“ од фирмата „Електроелемент“, односно новиот салон за автомобили на „Волво“, додека основи за сомневање постојат врз основа на Ревизорски извештај, за недомаќинско работење и трошење на средства од Буџетот, како и јавни набавки во општината за градоначалникот Садику.

Нури Бајрами, член на ДКСК, во образложението за случајот со Георгиевски, меѓу другото информира дека одобрението за градење во случајот со „Волво“, во прва фаза е донесена на 17.02.2020 година, а за втора фаза на 30.09.2020 година, а во медиумите, подвлече, на 28.06.2019 година објавена е информација дека свечено е пуштен во употреба новиот салон за автомобили, токму во објектот започнат со градење како дивоградба.

Според Бајрами, по направената целосна проверка, градбата е изведена без одобрение за градба, градоначалникот постапил спротивно на Законот за локална самоуправа, што претставува прекршување на Закон и злоупотреба на службената должност и овластување.

– Оваа пракса покажува дека овластените општински инспектори, како што се поставени под капа на градоначалникот, тој одлучува за нивните права и обврски. Инспекторот бил на мака и тој требало да се изјаснува пред членовите на Советот, бил изложен на мобинг. На последната средба што ја имавме дознавме од актуелните вработени односно тие што присуствуваа на состанокот дека овластениот инспектор  ја напуштил работата. Ова е појава една што треба да се третира на наредните дебати, овластените инспектори навистина да можат да постапуваат, изјави Бајрами, член на ДКСК.

Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК најави дека од оваа седница па натаму Комисијата секогаш ќе обработува по еден извештај на Државниот завод за ревизија и ќе доставува до Јавното обвинителство иницијативи за кривична одговорност за  службени лица кои ги прекршиле своите овластувања. Таа појасни дека ваквото постапување на ДКСК е согласно членот 17.8 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Ивановска посочи дека во предметот во ревизорскиот извештај направен за финансиските извештаи на Општина Студеничани, на основната сметка за 2020 година.

– Посебно е симптоматично што ДКСК се воздржува од издавање мислења за утврдените состојби во Општина Студеничани. Тоа е состојба што значи дека на ревизорите не им е обезбедена соодветна документација за поткрепување на нивните наоди. Ова е полошо од издавање на негативно мислење, рече Ивановски.

Појасни дека ревизорите не издале мислење, затоа што во 2020 година на сметката на Општина Студеничани биле исплатени средства во вкупен износ од 2,4 милиони денари без соодветна поткрепувачка документација, а вклучуваат поправки и тековно одржување на улици и патишта во износ од 1,9 милиони денари на двајца добавувачи по фактури, а нема прилог дека работите се извршени и одобрени. За поправка на возила се исплатени 205 илјади денари, за што нема работен налог…

– На членовите на Советот на Општина Студеничани и на градоначалникот им се исплатени средства во износ од 908 илјади денари по основ на месечен надоместок за присуство на седници, кои пак воопшто не се одржале, информираше претседателката на ДКСК.

Ивановска меѓу другото посочи дека ваквиот начин на работење не е во согласност со Законот за сметководство на Буџетите и на буџетските корисници, каде прецизно стои дека внесувањето на податоците во длеовните книги се засновува на веродостојни, вистинити и уредни сметководствени документи како доказ за настаната финансиска промена односно трансакција.

Антикорупциска Гази Баба обвинителство студеничани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.