Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антилогика и профашизам: Ќе ја укинеме логиката, а и нејзините сестри, етиката и филозофијата? Со декрет, без дебата?

0
By Marija Todorovska on January 30, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 30, 2025 14:42

Во нашиот, и онака фрагилен образовен систем, во кој наизменично ‘стратешки‘ му се додава и одзема, на кој како ќе му текне зависно од актуелната политичка ориентација, во која децата едвај се снаоѓаат и развиваат отпор кон восприемање на знаење, најмалку што ни требаше е да ги отстраниме науките кои го хранат умот и духот.

Ана Василевска 

За секој случај, да не им текне на младите генерации да се разбудат на Миле му текна?! – Ќе ја укинеме логиката, а и нејзините сестри, етиката и филозофијата! Со декрет, така, без да развиеме широка дебата, да ги сослушаме професорите, учениците, пошироката јавност. Без никаква дедукција, се извинувам за терминот, сигурно и тој е укинат.

Дали е логично да заработуваш 500 евра месечно, а за основни трошоци да ти бидат потребни 1000? Има ли логика да дишеш најзагаден воздух во Европа, а да не престанеш со неконтролирано градење и да планираш да купиш авион? Колку е логично на Онкологија да нема лекови а ти да зборуваш за заштита на национален идентитет? Која е логиката да прогласиш криминалец за светец, а да лeжи затвор човек за кражба на ќебапи? Зошто е логично ноунеим полуписмени ликови да бидат ѕвезди, а уметниците да бидат на последни страници? Каква е таа логика да поддржуваш режимска влада од соседството, кога нејзиниот народ бара правда?

Оваа низа на обратнорационално расудување е бесконечна во нашето политичко и општествено секојдневие, или ако сакате здравиот разум одамна не живее тука.

Но, за секој случај, да не им текне на младите генерации да се разбудат и логично да ги погледнат состојбите, на  Миле му текна?! – Ќе ја укинеме логиката, а и нејзините сестри, етиката и филозофијата! Со декрет, така, без да развиеме широка дебата, да ги сослушаме професорите, учениците, тесната и пошироката јавност. Без никаква дедукција, се извинувам за терминот, сигурно и тој е укинат.

Во горенаведените прашања за логиката, секако е нераскинливо содржана и етиката. Таму каде што нема логика, нема ниту етика, па затоа курбан треба да одат сите сродни науки, кои кај човекот ги развиваат фундаменталните вредности што го разликуваат од животните.

Оваа „реформска“ вест за образовниот процес, не може никако поинаку да се протолкува туку како одземање на можноста да се изучува и да се развива  љубовта и мудроста, и критичката мисла.

Во нашиот, и онака  фрагилен образовен систем, во кој наизменично „стратешки“ му се додава и одзема, на кој како ќе му текне зависно од актуелната политичка ориентација, во кој децата едвај се снаоѓаат и развиваат отпор кон восприемање на знаење, најмалку што ни требаше е да ги отстраниме науките кои го хранат умот и духот. Потребата од учење на етика , е толку голема што таа треба да се  воведе во најмали нозе, со блок часови, за да не ни се случуваат Кецмановиќи, убијци на кучиња, тик ток челинџи, булинг феномени, агресивни, неартикулирани хомо сапиенси, кои не го знаат ни значењето на хомо сапиенс, итн…

Професорот Кирил Темков, своевремено најголем поборник за изучување на етиката,  во едно интервју рече „етиката е повеќе од наука за добро однесување – таа се повеќе станува наука од која ќе зависи и елементарниот опстанок на човекот“.

Последниве настани на глобално ниво, укажуваат на агресивен порив од наметнување на патолошка нетрпеливост кон сите човечки, демократски вредности, и кон секоја прогресивна придобивка. Таа омраза, е завиена во обланда на „национални интереси“, додека царуваат единствено интересите на оние кои никогаш не ги научиле лекциите по логика, етика, филозофија.

Фашизмот ни тропа на голема врата, а негови најголеми сојузници се токму поединци и групи на кои доброто однесување и креативното размислување за решавање на конфликти е голема математичка непозната. Тие се џек пот за секоја профашистичка власт, која ќе им вети дека се безбедни во своето ништо, но можат оргазмично да се препуштат на ниската националистичка страст.  А големото ништо не носи одговорност, до мигот кога немате здив. Треба ли да го чекаме денот кога ќе има војна за атом на кислород, капка вода, трошка леб, микрон слободна мисла?

Човекот може да избира дали ќе ја следи лошата судбина или ќе се бори против неа и ќе се обиде да ја измени. Со порив на саможивост, со цел да се добие нешто, без да се согледа етичноста на постапката и да се води сметка да не се повреди другиот, верувам дека следува казна. Ова е таа поетска правда која секогаш стигнува, но штетата патем може да биде многу голема.

Германија до денес не може да се „испере“ од фашистичката опашка која им тежи на сите генерации, и Берлин синоќа застана повторно на нозе против фашистичките искри кои се шират како оган. И кога сме кај огнот, никогаш нема да се заборави таа ноќ на 10 мај во 1933 година кога германскиот писател Ерих Кестнер стоел во толпата љубопитници пред клада на берлинскиот Плоштад на операта, а луѓе во црни униформи од Штурмабтајлунгот гореле пакети со книги.

Кестнер чул како го изговараат и неговото име преку микрофонот. „Против декаденција и морално пропаѓање! За воспитување и запазување на обичаите во семејството и државата! Му ги предавам на пламенот книгите на Хајнрих Ман, Ернст Глезер и Ерих Кестнер.“

Во Берлин и уште дваесетина градови во огнови гореле илјадници книги.

„Да не беше националсоцијализмот и палењето на книги, тогаш сигурно ќе продолжеше културната разноликост и иновативниот дух кој се развиваше во Германија во дваесеттите години“, вели историчарот Вернер Трес, кој има напишано повеќе признати книги на оваа тема.

Доаѓањето на нацистите на власт го окончало културниот процут на Вајмарската Република (1919-1933). Палењето на книгите бил дефинитивен крај на таа ера.

Оваа е само мала предупредувачка аналогија на горењето книги и укинувањето на предметите етика, филозофија, логика, социологија…

Да не дозволиме обезглавување на суштествената писменост, кастрација на науките од кои се учи добрината и прогресот, и уметноста итно да ја вратиме на насловните страници, бидејќи филмот, музиката се тој идентитет кој деновиве не претставува во светот и за миг ја стави во сенка веста дека сме високо на листата на загадени и корумпирани држави.

Со глупави воспитно-образовни чекори, можеме да се вратиме векови наназад, во темнината во која се гледаат пламени од изгорени вредности, додека нашата интелектуална и културна елита ќе побегне на други меридијани.

Текстот е сопственост на Нулта.мк

Ана Василевска образование
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.