Повеќе од 80 претставници на министерства од владите на земјите од Западен Балкан и Турција, се собраа во Берлин на средба посветена на дискриминацијата на Ромите и антициганизмот, со цел да се осигура препознавање на оваа дискриминација во земјите од регионот.
Дводневната средба е под покровителство на Регионалниот совет за соработка (РСС) и во организација на германските власти, а во рамките на проектот „Интеграција на Ромите 2020“
„За нас е многу важно да се формилираат соодветни политики што водат во интеграција, а не натамошно исклучување на Ромите. Тука не станува збор за пронаоѓање на виновникот, туку за унапредување на нашите капацитети и резултати од работата – изјави заменикот генерален секретар на РСС Газменд Турдиу.
Кристина Лудерс, директорка на германската Сојузна агенција за борба против дискриминацијата потсети дека Ромите и Синтите се најглемите малцинства во Европа и дека омразата и расизмото против нив е проблем на цела Европа.
Најважна работа што можеме да сториме, е да покажеме солидарност и да не носиме одлуки во име на малцинствата, туку наместо тоа да се погрижиме да ги засилиме и да ги слушнеме гласовите на Синтите и на Ромите“, изјави Лудерс.
На собирот се одржуваат низа панели на кои се прави преглед на праксата на европските политики за борба против дискриминацијата на Ромите и за подобро разбирање на феноменот на антициганизмот, соопшти РСС.
Интеграцијата на Ромите и прекинување со дискриминаторските политики и пракси, од средината на 2016-тата година е составен дел од условите за проширување на земјите кандидати за членство во ЕУ.





