Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антиваксери во Полска нападнаа центар за вакцинација против ковид-19

0
By Sashko on July 26, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Двајца антиваксери против ковид-19 се уапсени вчера во Гродиск Мазовиецки во Полска при обид со група демонстранти насилно да влезат во центар за имунизација против коронавирусот. Две лица се полесно повредени во тепачка со персоналот и припадниците на обезбедувањето во центарот за вакцинација, објави полската полиција.

– Добивме повик дека група луѓе се обидуваат да влезат во зградата на центарот за вакцинација. Имаше тепачка меѓу нив и персоналот на центарот. Повикавме брза помош за две лица кои беа полесно повредени. Групата демонстранти потоа заминаа. Уапсивме двајца, изјави портпаролката на локалната полиција, Катажина Зих.

Протестите пред центарот за вакцинација беа организирани од групата „Полски жолти елеци“, кои можат да се пофалат дека се борат за слобода за сите, но најмногу за организација на антиваксерски настани, како на пример излети против вакцини.

Полскиот министер за здравство Адам Њедјелски предупреди минатата недела дека делта мутацијата полека ги потиснува останатите варијанти на ковид-19 во Полска и земјата може да го очекува четвртиот бран на пандемијата на коронавирус кон крајот на летото, во втората половина на август.

Најлошото сценарио повторно предвидува 10.000 до 15.000 новозаразени дневно, а полската Влада секојдневно апелира до Полјаците да се вакцинираат што е можно побрзо и ја разгледуваат можноста за задолжителна вакцинација.

– Кога луѓето не можат да бидат убедени од рационални аргументи и кога лотаријата со многу интересни награди не ги донесе очекуваните резултати, тогаш државата мора да прибегне кон други средства. Ако Полјаците не сакаат да се вакцинираат, тогаш треба да бидат принудени да го сторат тоа, истакна минатиот месец лидерот на полските владејачки конзервативци, вицепремиерот Јарослав Качински.

Во Полска досега со две дози или со една според упатствата на производителот на вакцините против ковид-19 се имунизирани 44,6 отсто од населението.

Антиваксери напад Полска Свет Центар на Имунизација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.