Published: Sunday, May 7, 2017 11:04
Премиерската фотелја на албанскиот премиер Еди Рама му е сериозна разнишана откако здружената албанска опозиција донесе одлука за одржување на масовни антивладини протести во Тирана на 13 мај.
Главните барања на албанската опозиција ќе бидат Рама да си поднесе оставка пред изборите и да се формира техничка влада која ќе создаде услови за слободно изразување на волјата на гласачите.
Одлуката е донесена за време на состанокот меѓу претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша и раководството на организацијата.




