Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антонио Гутерез и понатаму фаворит за генерален секретар на ОН

0
By Нова ТВ on August 5, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И по вториот круг на гласањето во Обединетите Нации (ОН) поранешниот португалски премиер Антонио Гутерез и понатаму е фаворит за иден генерален секретар на оваа организација.

Во вториот круг тој доби “охрабрување” од 11 земји членки од вкупно 15, од 2 земји доби “обесхрабрување” а 2 земји беа “без оценка”.

Овој начин на тајно гласање е организирано во Советот за безбедност. Секој од 15те амбасадори на Советот треба да го оцени секој кандидатите со една од трите забелешки “охрабрува”, “обесхрабрува” и “без оценка”.

Гутерез, кој беше премиер на Португалија од 1995 до 2002 година а потоа Висок комесар за бегалци во ОН до 2015 година, остави одличен впечаток повторно.

Изненадување приреди српскиот поранешен министер за надворешни работи Вук Јеремиќ кој доби 8 позитивни гласа и кој сега е на второ место. По него, исто така како изненадување, на трето место е Сузана Малкора, министерка за надворешни работи на Аргентина.

Поранешниот словенечки претседател Данило Турк, кој по првиот круг беше на второ место, овој пат е на четврто место.

По него е Бугарката Ирина Бокова, актуелен генерален секретар на УНЕСКО.

Дури потоа доаѓаат Срѓан Керим, поранешната премиерка на Нов Зеланд Хелен Кларк и Кристијана Фигерес, поранешен преговарач за клима на ОН.

На дното на листата се Молдавката Наталиа Герман, екс министерка за надворешни работи, шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак и Игор Лукшиќ, екс премиер на Црна Гора.

Во текот на овој втор круг 15те членки на Советот за безбедност дадоа повеќе негативни гласови во надеж дека повеќе кандидат кои добиле малку “охбрабрувачки” гласови сами ќе се откажат од трката.

Тоа го направи Весна Пусиќ, екс министерка за надворешни работи на Хрватска, која оцени дека нема никакви шанси да застане на чело на ОН и покрај тоа што организацијата би сакала на чело да стави жена, по можност од југо-источна Европа.

Дипломатите тврдат дека селекцијата ќе се одвива до октомври а западните земји ќе треба да преговараат со Русија, која инсистира новиот генсек на ОН да дојде од источна Европа, ако сакаат Португалецот да стане прв човек на ОН.

И покрај тоа што гласањето е тајно, според агенцијата АФП, повеќе дипломати веруваат дека “обесхрабрувањето” за Гутерез дошло од Русија.

Конечно, одлуката ќе ја донесат петте големи земји и постојани членки на Советот за безбедност (САД, Обединетото кралство, Кина, Франција и Русија) кои имаат право на вето дури и за најдобро пласираниот кандидат.

Финалниот избор ќе биде проследен до Генералното собрание на ОН во септември или октомври.

Мандатот на актуелниот генерален секретат Бан Ки-мун завршува на крајот на оваа година.

Антонио Гутерез генерален секретар ОН Срѓан Керим
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.