Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антонио Митриќески снима нов филм

0
By on March 11, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 11, 2013 00:14

На 20 мај, почнува снимањето на филмот „Децата на сонцето“ според сценарио на Гордан Михиќ, автор на култните „Среќна нова 49“, „Дом за бесење“, „Црна мачка бел мачор“ и др. Филмот е во режија на Антонио Митриќески.

Ова е негов трет игран филм по „Преку езерото“ 0д 1997 и „Како лош сон“ од 2003 година. Продуцент на филмот е Дејан Милошевски. Директор на фотографија е Јарек Шода од Полска. Автор на музиката е Влатко Стефановски, кој во филмот ќе се појави во епизодна улога. Главната машка улога му е доделена на младиот актер Кире Ѓоревски, кој се има образувано во Бугарија, каде живее и работи како драмски актер, пантомимичар и танчер. За женската главна улога, филмскиот тим е во преговори со млада актерка од Македонија или од странство.

Режисерот е во преговори со уште неколку големи домашни и странски актерски ѕвезди, чии имиња се уште не се објавуваат. Филмот ќе се снима 36 дена. Се работи за копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Словенија и Србија. Најголемиот дел од средства се обезбедени од Филмскиот фонд на Македонија, а другите држави влегуваат во овој проект како малцински. Речиси сите локации за снимање се наоѓаат покрај Преспанското езеро, каде што ќе бидат изградени и адаптирани објекти.

„При тоа, филмската екипа ќе обрне сериозно внимание на зачувувањето на природата, бидејќи, целта на режисерот е да ги покаже убавините на Преспа“ соопштуваат од продукцијата на филмот.

Филмот “Деца на зимското сонце” е љубовна приказна. Дејствието се случува на периферијата на едно мало гратче крај Преспанското Езеро. Ангела е ќерка на Кале и Мира, кои имаат уште два сина и една ќерка. Кале има кафеана, во која му помагаат неговата сопруга и децата. Мира дознава дека од Германија е дојден многу богат човек, што се вика Фурда и решава дека ќерка и’ Ангела треба да се омажи за тој богат човек за да се спасат од сиромаштијата. Но, Ангела е во љубовна врска со Марко, телохранителот на мафијашот Сони. Таа жестоко се спротивставува на желбата на мајка си да се омажи со човек кој не го познава…,

„Имам одлични соработници, кои несебично работат. Задоволство ми е да работам со млада екипа, на кои желбата и љубовта за креативна работа им е навистина силна. Случувањата во филмот се проткаени со еден лесен, не наметлив хумор. Да, навистина има доста здрав хумор, верба и надеж во опстанокот на едно семејство. Над се’, “Деца на сонцето” е љубовен филм .
Светот нема да го направиме подобар, ниту поопасен за живеење, го правиме позабавен”, вели режисерот Митрикески.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.