Антонио Тајани е новиот претседател на Европскиот парламент (ЕП). Тој беше избран денес по четири круга гласање на европските 751 пратеник, објави досегашниот прв човек на ЕП Мартин Шулц.
Тајани е член на Демохристијанската десница и за него гласаа 351 пратеник.
Неговиот противник Џани Питела од Социјалистичката група доби 282 гласа.
Нема сомение дека Тајани го искористи договорот склучен денес помеѓу неговата политичка група и групата на либералите.
И покрај овој договор Тајани не успеа да го добие мнозинството гласови во првите три круга па мораше да се одржи и четврти круг.
Тајани, кој има 63 години, беше фаворит во претседателската трка откако од неа се повлече екс белгискиот премиер Гу Верхофштад.