Published: Thursday, October 27, 2016 09:25
Демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон е пред убедлива победа над републиканскиот кандидат Доналд Трамп, покажува најновата анкета на новинската агенција Асошитед прес.
Според неа, Клинтон меѓу потенцијалните гласачи има предност од 14 отсто пред Трамп, па така на 8 ноември за Клинтон ќе гласаат 51 насто, додека за Трамп 37 проценти од гласачите.
Резултатите од оваа анкета и дадоа на Клинтон најголема предност пред Трамп досега. Во меѓувреме и други анкети покажуваат дека таа има солидна предност пред нејзиниот ривал.




