Постигнат е нов договор за евакуација на бунтовниците од последните „џебови“ на територијата што ја контролираат во Алепо, јави утрово агенцијата АП, повикувајќи се неименувани извори од сириската војска.
Според изворите постигнат е договор за излез на бунтовниците и подготовките се во тек. Според агенцијата договорот се однесува и на цивилите.
Агенцијата Ројтерс повикувајќи се на сведоци, објавува дека во Алепо во моментов е мирно и дека нема престрелки.
Бунтовниците претходно објавија дека новиот договор за прекин на огнот стапил на сила во 2.30 часот по локално време.
Истовремено, медиумска груопа блика на либиски Хезболах јави дека ноќеска е постигнат договор, сириските бунтовници и десетици илјади цивили да го напуштат Алепо и дека тоа ќе се случи во следните неколку часа, пренесува АП.
Руското министерство за одбрана соопшти денеска дека по налог на претседателот Владимир Путин со сириските власти се подготвува евакуација на преостанатите бунтовници од Алепо.
Притоа се додава дека бунтовниците ќе бидат евакуирани кон Идлиба, град на северозападот на Сирија, со 20 автобуси и 10 амбулатни возила, пренесува Ројтерс. Наводно властите им гарантирале безбедност за да го напуштат Алепо.
Сириската опсерваторија за човекови права објави дека првиот конвој со жители на кои им е потребна медицинска помош веќе тргнал од источниот дел на градот.




