Published: Wednesday, November 19, 2014 12:27
Во новиот извештај на ОН, организацијата повикува засегнатите страни да планираат „забрзани“ цели за справување со СИДА за целосно да биде суспендирано ширењето на вирусот до 2030 година.
Поставените цели за наредните 5 години се формулата „90-90-90“. 90% од заразените со ХИВ треба да знаат дека се инфицирани, 90% од серопозитивните треба да се лекуваат, 90 отсто од третираните треба да бидат исчистени од вирусот.
Актерката Шарлиз Терон, која е амбасадор на ОН на мирот и основач на сопствена организација за борба против болеста, изјави дека кога младите имаат пристап до третман, средства за заштита од ХИВ и добиваат информации за болеста, тие го прават вистинскиот избор за својата иднина.




