Сојузниот апелациски суд во САД одби да ја врати на сила извршната уредба на американскиот претседател Доналд Трамп, со која на патниците од седум држави со мнозинско муслиманско население им се забранува влез во САД.
На оваа одлука веднаш реагираше Трамп , кој на Твитер напиша: „Ќе се видиме на суд. Безбедноста на нашата земја е во прашање“.
Сoветот од тројца судии од Деветтиот обласен американски апелациски суд одби да ја блокира одлуката на понискиот суд кој ја суспендираше оваа извршна уредба.
АП јави дека претседателот сега има можност да се жали до Врховниот суд.
По пресудата на Апелацискиот суд се огласи и Хилари Клинтон, која иронично на Твитер напиша: „Само 3-0“, алудирајќи на судската одлука.
Со одлука на понискиот суд во Сиетл привремено е суспендирана извршната уредба, а адвокатите на американското Министерство за правда вложија жалба на оваа одлука до Деветтиот обласен апелациски суд.
Во Врховниот суд во моментов има едно непополнето место на судија, и како што се проценува нема шанси кандидатот на Доналд Трамп за тоа место Нил Горсач да биде именуван на време и со тоа да учествува во разгледување на забраната.




