Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апелација одржа јавна седница за ПИМ во „Поткуп“, одлуката деновиве

0
By Нова ТВ on December 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Апелацискиот суд Скопје денеска одржа јавна седница на која ја разгледа жалбата на одбраната на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, која бара видео снимките од посебните истражни мерки да не бидат користени како доказ во судската постапка за случајот „Поткуп“. Советот по оваа жалба, како што најави, ќе се произнесе дополнително.

Претседателот на Советот, судијата Сафет Кадрии на почетокот на денешната седница образложи дека разгледувањето на жалбата било одложено на неопределено време поради тоа што претходниот судија известител за овој случај бил избран за судија на Врховен суд по што случајот паднал на друг судија кој, како што рече, барал изземање  од случајот за потоа Советот да се состане во денешниот состав.

Судија известител за предметот, како што е објавено на веб-страницата на судот, е новоизбраната апелациона судијка Тања Милева, која е сопруга на членот на ДИК, Игор Милев, кој, пак, поднесе оставка на функцијата. Судијката поради непристрасно одлучување побарала да биде изземена од одлучување за случајот.

Адвокатите на Заев пред судот посочија дека доказите од ПИ-мерките не им биле приложени на увид, поради што и не можеле соодветно да ги разгледаат. Според нив, конкретниот доказ е спорен поради тоа што е прибавен со изнудување од агент-провокатор во деловен простор и за тоа немало судска наредба. Дополнително, според нив, е направен прекршок и со нивното објавување во медиумите од страна на службено лице кое имало пристап до истите, а со самото објавување, како што посочија, била прекршена и презумпцијата на невиност на обвинетиот.

Во обидот да ги убедат апелационите судии дека снимката на која се гледа како наводно премиерот Зоран Заев, бара поткуп, додека ја вршеше градоначалничката функција, неговите адвокати истакнаа дека снимката е направена со агент провокатор.

Тие од Апелацискиот суд бараат снимката која е обезбедена со употреба на посебни истражни мерки да се издвои од предметот „Поткуп“, бидејќи дел од неа веќе беше емитувана на голем број медиуми, а тоа не е дозволено бидејќи овие докази се тајни.

-Употребиле агент-провокатор, но наредба за тоа нема, рече адвокатот Јаким Наумов, потсетувајќи дека снимката беше јавно објавена, поради што на Заев му е нарушено правото на фер-судење.

Адвокатот Ване Андреев додаде дека агент-провокаторот на Заев му ѕвонел во ноќните часови и го провоцирал со прашања за да го намести.

Вишиот јавен обвинител Јове Цветановски жалбите на одбраната ги отфрли како неосновани и посочи дека доказот е законски прибавен и судот тоа го утврдил.

Заев во случајот „Поткуп“, како поранешен градоначалник на Општина Струмица, е осомничен за барање и за земање поткуп во висина од околу 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев, во врска со легализација на земјиште.

Апелација Заев ПИМ поткуп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.