Скопскиот Апелациски суд му ја зголеми казната на четири години затвор на возачот Јордан Ѓоргиев за сообраќајката кај Сити Мол во која загина 24-годишната Викторија Николова. Ѓоргиев претходно од Кривичниот суд беше осуден на тригодишна казна затвор за сообраќајната несреќа во која освен што загина Викторија, беше повредено и нејзиното момче Леонид Даов.

Пресудата ја обжали Основното јавно обвинителство Скопје.

Обвинетиот на судењето во април ја призна вината и судскиот процес против него заврши со едно рочиште. Ѓоргиев возел со брзина поголема од пропишаната, не се придружувал на сообраќајните прописи и не ги пропуштил пешаците на обележаниот прешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ кобната вечер на 20 јануари годинава.

Семејството на загинатата Викторија во неколку наврати организираше протести за подигнување на свеста кај возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и до надлежниот суд да изрече казна соодветна на стореното дело. Своето незадоволство го изрази и во април откако на Ѓоргиев му беше изречена тригодишната затворска казна. (Р.Н.)