InfoAid е името на новата бесплатна апликација за смартфон за шест јазици наменета за бегалците кои минуваат преку Балканот.
Унгарците Нина Ков и нејзиниот сопруг ја креирале оваа апликација која треба да им помогне на бегалците да побезбедно да стасаат на своите дестинации во Европа.
Преку InfoAid може брзо да се откри која граница во тој момент е затворена, на кој автобус треба да се качат или на пример каква е процедурата за да се побара азил и слично. Сите овие информации преку апликацијата се добиваат во точното време.
«Овие луѓе често се како заталкани и не разбираат што им се случува. До нив не стасуваат вистинските информации а понекогаш властите тоа и намерно го прават», вели Нина Ков за агенцијата АФП. Таа објаснува дека секој што ќе ја даунлодира апликацијата ги добива последните информации за превозот, границите, административните процедури или законите кои се на сила.
Малечката унгарска екипа која во само две недели успеа да ја креира апликацијата започна соработка и со Хрватска и се труди прецизно да ги следи информациите се границите и транспортот во повеќе земји за да достави точна информација до бегалците.
InfoAid може да консултира на арапски, урду, пашто, фарси, англиски и унгарски. Апликацијата досега има 700 корисници а секој ден нови 100 лица ја ставаат на својот смартфон.




