Двајца браќа родени на Косово се уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад на шопинг центар во Оберхаузен, соопшти денеска полицијата.

Осомничените браќа на 28 и 31 година се уапсени во Дизбург врз основа на информација од безбедносните сили, се наведува во полициското соопштение.

Властите се соменваат дека браќата планирале да извршат напад на трговскиот центар „Центро“, а се утврдува дали во заговорот имало и други лица.

Полицијата објави дека е зајакната безбедноста околу центарот и на божиќниот панаѓур во близина, по синоќешната информација од безбедносни извори.

Засега не е познато дали уапсените браќа се поврзани со нападот во Берлин. За овој напад е осомничен Анис Амри (24) чии отисоци на прсти се пронајдени во кабината и на вратата на камионот со кој беше извршен нападот. Полициијата се уште трага по него, а распишана е и награда од 100.000 евра за информација за негово апсење.

„Центро“ е еден од најголемите трговски центри во Германија со 250 продавници.