Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апсења во Црна Гора, Абазовиќ вели дека раката на правдата тргна, но ќе го стигне ли Ѓукановиќ?

0
By Соња Крамарска on April 13, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Раката на правдата во Црна Гора замавна, прашање е само за нејзината брзина, изјави техничкиот премиер Дритан Абазовиќ.

Тој во интервју за телевизијата БиХ рече дека ќе се види дали раката на правдата оди кон претседателот на Црна Гора во заминување, Мило Ѓукановиќ.

„Гоневме луѓе од врвот на судството, од врвот на обвинителската организација, неодамна од врвот на полицијата. Веројатно ќе се гонат и луѓе од политичката сфера. Во секој случај, раката на правдата тргна и прашање е само нејзината брзина. Веќе не е прашање дали таа ќе пристигне. Ќе видиме дали ќе оди и кај господинот Ѓукановиќ. Тој не може да се изземе од правниот поредок на Црна Гора“, рече Абазовиќ.

Премиерот на Црна Гора рече дека засега „загинале луѓе кои биле во неговата непосредна околина“.

„Со оглед на тоа што тој беше политички лидер на Црна Гора 30 години, не знам дали беше доволно способен целосно да се исклучи од сето она што го правеа луѓето околу него. Не знам, не сакам да шпекулирам. Само сакам да кажам дека државното обвинителство има одврзани раце да работи согласно законот кон сите. Она што е малку спорно во јавноста е начинот на кој Ѓукановиќ го доби тој фамозен прв милион. Тоа е нешто што мора да добие епилог. Не кажувам ништо дека некој е виновен или не, но првиот милион е оспорен. Ако испадне онака како што сите очекуваат, многу полесно ќе се докажуваат другите милиони“, изјави Абазовиќ.

Инаку утринава во полициска акција што координирано се спроведува во повеќе црногорски градови е уапсен претседателот на општина Будва, Мило Божовиќ.

По наредба на Специјалното државно обвинителство (СДТ), Божовиќ е уапсен во неговата семејна куќа во центарот на Будва.

Според сознанијата на Вијести, апсењата почнале утрово во 4 часот во Будва, Цетиње и Подгорица.

апсења Будва Дритан Абазовиќ Мило Ѓукановиќ Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.