Нешто по полноќ во Охрид е приведен Р.Ч.(42) од Харков, Украина, соопшти полицијата.

„Тој, претходно во хотелски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување кон вработените и присутните гости“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Против него ќе биде поднесена пријава по законот за прекршоци против јавниот ред и мир, додава Димоски.