Published: Friday, November 27, 2015 08:59
Германската полиција во Берлин упаси двајца мажи, исламисти, осомничени дека подготвувале да изведат „сериозна насилна акција опасна за државата“.
Според портпаролката на полицијата, мажите, на возраст од 28 и 46 години, наводно биле во контакт со исламистичкото движење.
Полицијата засега не наведува други детали, освен дека кај уапсените не е пронајдено оружје ниту експлозив, како и тоа дека засега нема индиции дека планирале напади во Берлин.
Апсењата следуваат откако специјалната полиција упаднаа во исламскиот културен центар во шарлотенбург и во една станбена зграда во јужниот кварт Бриц.




