Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апсолутистички!

0
By Zoran Ivanov on June 25, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 25, 2026 17:40

Фани Каранфилова Пановска: Институтот пратенички прашања служат за тоа пратениците, кои се избрани од граѓаните и ги претставуваат во Собранието, да ја преиспитуваат и контролираат работата на извршната власт – т.е. на премиерот и неговиот кабинет министри. Тие пак – премиерот и министрите по устав и по закон имаат обврска само и единствено, во став мирно, да одговараат на поставените прашања и да даваат отчет за сработеното! Затоа што премиерот и министрите одговараат пред пратениците, односно граѓаните од кои се избрани за да им служат! Така е тоа во демократски и цивилизирани општества. Македонија со ВМРО-ДПМНЕ на власт, дефинитивно не е тоа.

Денешната злоупотреба на собраниската говорница од страна на премиерот Мицковски, кој наместо да одговори со факти и аргументи на прашања од пратеник и лидер на опозиција, одбра да се заканува со тоа кој требало да оди во затвор и зошто, е недопустиво и таквата пракса не смее да се нормализира и да се релативизира. Не затоа што било кој лично му се плаши, туку затоа што тоа претставува опасност по демократската држава, нејзините институции и слободните граѓани.

Премиерот кој отворено, без кочници, на собраниска говорница, по не знам кој пат, жестоко демонстрира како тој ја разбира својата апсолутна извршна власт, бидете сигурни, е подготвен така и да владее.

Апсолутистички!

Премиер, кој си дозволува да биде и истражен орган, и обвинител, и судија и да се заканува, пред тие, пред коишто треба понизно да одговара за својата работа и сработеното, не само што покажува дека воопшто не го интересира кое му е местото и улогата, согласно уставот и законот, туку праќа јасна порака дека и устав и закон на Република Северна Македонија е вољата на премиерот Мицковски!

Ова драги мои граѓанки и граѓани е многу сериозно. Денеска беше Филипче, вчера беше Тренчевска, а и вчера и денес и утре е секој еден од нас!

Извор: Фејсбук

 

став Фани Каранфилова-Пановска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.