Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аргентина е пред банкрот

0
By Нова ТВ on July 31, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 31, 2014 11:04

Аргентина не успеа да се договори со кредиторите,кои пред повеќе од десет години не ги прифатија условите за реконстуирање на нејзиниот државен долг, чиј рок за исплата истече вчера на полноќ. Кредиторите сега бараат земјата целосно да ги исплати обврските кон нив.

Министерот за економија на земјата Аксел Кисилоф не отстапи од политиката на аргентинската Влада и странските хеџ- фондови ги нарече „мршојадци”.

-Мршојадците се обидоа да ја натераат нашата земја да изврши нешто нелегално, изјави Кисилоф.

Неговата земја сепак била подготвена да ги згасне обврските кон сите доверители, но при „разумни услови, а не под притисок”, додаде министерот, цитиран од Wall Street Journal.

Во меѓувреме вчера аргентинските банки се обидоа да понудат алтернатива во последен момент,и да го откупат нефункционалниот долг, чуван од хеџ – фондовите за да се избегне запирање на отплатата.

Но, договорот пропадна и како резултат на тоа земјата ќе објави втор рок за подмирување на обврските во рамки на 13 години.

Инвеститорите беа охрабрени од преговарачкиот маратон меѓу Аргентина и медијаторот. Покрај тоа тие испитуваа можности дали предлогот за реорганизација на аргентинските банки може да биде прифатен. По шест часа интензивна дебата сепак претставникот на Аргентина вчера ја напушти салата за преговори во Њујорк без никакви резултати.

Аргентиската Влада бележи неуспеси во враќањето на глобалните кредитни пазари, од кои земјата е изолирана веќе над 10 години – откако во 2002 година не успеа да врати рекордни 100 милијарди долари долг.

Сега спорната сума е помала – 539 милиони долари, но судот во Њујорк нареди Буенос Аирес да им плати на сопствениците на обврзници и 1,3 милијарди долари плус камата.

Аргентина одби да ја признае пресудата, бидејќи тоа може да биде основа на други обврзници и побара активирање на клаузула во преструктуирањето на државниот долг, при што земјата ќе треба да плаќа стотици милијарди долари.

Банкротот уште повеќе би можел да ја зголеми галопирачката инфлација во земјата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.