Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Арго“ победи, Анг Ли освои Оскар за режија

0
By on February 25, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 25, 2013 06:12


Во театарот Долби во Лос Анџелес заврши 85. доделување на филмските Оскари во 24 категории.

Првата дама Мишел Обама заедно со Џек Николсон го прогласија „Арго“ за најдобар филм за 2012 година. Бен Афлек во емотивен говор рече дека не е важно колку пати ќе паднете, туку е важно да станете.

Наградата за режија му припаднаа на Анг Ли за најдобра режија за „Животот на Пи“, ова е негов втор Оскар, а тој ја подели наградата со сите 3 илијади луѓе кои работеле на овој филм. Стана познат во 2000 година со филмот „Клекнат тигар, скриен змеј“ а негови се “Планината Броукбек“ и „Разум и чувствителност“.

За најдобри актер и актерка годинашните Оскари ги освоија 22 годишната Џенифер Лоренс за филмот „Во добро и зло“ и фаворитот Даниел Деј Луис за неговата брилијантно олицетворение на Абрахам Линколн во насловната улога во „Линколн“ на Стивен Спилберг. Ова е негов трет Оскар, го посвети на неговата мајка.

Оскар за најдобра споредна машка улога освои Кристоф Волц, за филмот „Џанго разузданиот“ на Квентин Тарантино. За оваа улога тој беше награден и со Златен глобус и БАФТА. Тој веќе има еден Оскар од 2010 година за филмот „Inglourious Basterds“.

Оскарот за споредна женска улога отиде кај Ен Хатавеј за „Клетници“. Таа победи во силна конкуренција во која беа и Сали Филд и Хелен Хант. „Се надевам дека несреќите што и се случувале на Фонтин ќе бидат само дел од филмските приказни, но нема да се случуваат во реалноста“, рече таа. Оваа улога и’ ги донесе и Златниот глобус и наградата БАФТА. За филмот ослабна на 48 килограми.

Најдобар анимиран краток филм е „Пејпермен“, на Џон Карс, продукција на „Дизни“.

Оскар за најдобар долгометражен анимиран филм доби „Брејв“, кој веќе освои и Златен глобус.

Клаудио Миранда е награден со Оскар за најдобар директор на фотографија за „Животот на Пи“.

Оскар за најдобри визуелни ефекти доби филмот „Животот на Пи“, на овој филм работеше и македонската компанија за за визуелни ефекти и анимација ФХ3Х.

Најдобри костими има филмот „Ана Каренина“, Жаклин Дуран го освои својот прв Оскар, но ова за неа беше трета номинација.

Оскар за најдобра шминка и фризури за „Клетници“.

Најдобар краток филм е „Полициски час“ на Шон Кристенсен.

Најдобар краткометражен документарен филм е „Инсенте“ на Шон Фајн и Андреа Никс Фајн.

Оскар за документарен филм за 2012 година доби „Во потрага по шеќерниот човек“.

Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје е „Љубов“ на Петер Хандке кој веќе освои голем број високи филмски награди: Цезар во Франција, наградата на Европската филмска награда и други.

Најдобра монтажа на звук има филмот “Клетници“.

Оскарот за најдобра монтажа на звучни ефекти го поделија “00:30 Тајна операција“ и “Небесен пад“.

Награда за најдобра монтажа освои Вилијам Голденберг за „Арго“, ова е негов прв Оскар и четврта номинација.

Оскар за најдобар продукциски дзајн освои филмот „Линколн“ и Рик Картер.

Најдобра оригинална филмска музика има “Животот на Пи“, на композиторот Мајкл Дана.

Најдобра песна е “Skyfall“ на Адел и Пол Едфорт.

За адаптирано сценарио награден е филмот „Арго“ и Крис Терио.
Квентин Тарантино за „Џанго разузданиот“ освои Оскар за оригинално сценарио. Тој рече дека морал да избере вистински актери за ги оживеат ликовите што ги замислил и им се заблагодари на актерите.

Инаку, шегите на водителот Сет Мекферлан дека ова ќе биде бледо и не баш најуспешно шоу, се остварија но, само за неговиот дел, според коментарите на социјалните мрежи- тој самиот не беше доволно харизматичен, а шегите се оценети како здодевни и на моменти некоректни.

Оваа година во конкуренција се најдоа квалитетни остварувања и големи актери. Церемонијата помина во знакот на холивудските легенди.

Светла точка на годинашново доделување беа музичките делови на церемонијата, особено изведбите на Ширли Бејзи, Адел и Нора Џонс.

Барбра Стрејсенд по 35 години настапи на оскаровската церемонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 28, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

ВЕСТИ June 28, 2026

Иранската паравоена единица на Револуционерната гарда денеска ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на…

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

June 27, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.