Филмот „Арго“ продолжува да ги собира главните награди. Најновата е високото признание за актерската игра, која ја доделува здружението на американските актери „SAG“.

Вчерашната награда доаѓа веднаш по признанието на Здружението на филмските продуценти на Америка, кое што најчесто е сигурна прогноза за добитникот на Оскар.

Филмот „Арго“ беше изненадување на доделувањето на Златните глобуси, пред две недели, кога ја освои наградата за најдобар филм и за режија.

„Ова нема врска со мене , туку со овие неверојатни луѓе кои се во овој филм“, рече Бен Афлек кој и самиот игра во филмот.

Американските медиуми прогнозираат дека филмот „Арго“ може да стане четвртиот филм во 85 годишната историја на Оскарите, кој на 24 февруари, може да биде избран за најдобар филм, без да има номинацција за најдобра режија.