Published: Saturday, November 7, 2015 10:04
Милионерот и близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, Михаил Лесин вчера е пронајден мртов во хотелска соба со квартот Дупонт Сркл во Вашингтон, објави американската ТВ мрежа Еј Би Си њуз, повикувајќи се на американски и руски официјални претставници.
Лесин е поранешен министер за комуникации во периодот од 1999 до 2004 година, потоа и советник на Путин за формирање на медиумската куќа Раша Тудеј на рускиот нафтен гифант Газпром, а потоа нејзин главен директор. Телевизијата емитува програма на англиски јазик, под мотото дека дава „поинаква перспектива на големите случувања во светот од руска перспектива“ и ја поддржува руската Влада. Опозицијата го обвинуваше за замолчување на медиумите во Русија.




