Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Архивските материјали се заштитени, трајно решение е нов објект

0
By Нова ТВ on April 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 4, 2018 13:21

Владата го задолжила директорот на Државниот архив да изготви акционен план за изградба на нов објект со кој ќе се постигне заштита на долг рок на архивската граѓа.

– Одлуката е врз основа на пошироки консултации и фактички увид на лице место, со што се соочуваат сите три инволвирани институции. Најсоодветно решение е да биде изграден сосема нов објект со сите потребни стандарди кои сега ги немаат. Со менување веќе донесени одлуки и пореметување други институции ќе создадеме нов проблем од ист карактер, изјави на денешната прес-конференција министерката Зорица Апостолска, во врска со вчерашната одлука на Владата за трајно решение на зградата на Државниот архив.

Како поддршка на оваа одлука, дополнително посочи таа, се вклучила и итната потреба за санација на атмосферските води во постоечкиот објект.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, посочи дека архивските материјали во моментот се заштитени и ниту еден материјал не е оштетен.

– Ова е проверено. Имаме комисиски записник. Направен е увид. Во старото депо се уште се чуваат архивските материјали и ќе продолжат да се чуваат и правиме трајно и конечно решение. Не можеме да направиме решение, со кое ќе отвориме други два проблеми, изјави Бошњаковски.

Во однос на чинењето на ова решение, Апостолска посочи дека директорот на Архивот треба да изработи план, во кој ќе бидат таксативно опишани сите активности за изградба и во соработка со Министерството за финансии да изнајде финансии.

– Секако Владата има свесност дека тоа ќе биде поскапо отколку враќањето назад, но имајќи го предвид значењето на сите инстутуции, особено на архивскиот материјал најцелисходна одлука е да се гради нов објект, изјави Апостолска.

Прашана зошто не се прифатило решението за враќање на архивот во старите простории, Апостолска, рече дека одлуката за селење е донесена уште во 2012 година.

– Таа одлука е донесена и е на сила. Фактичкиот увид, наспроти оваа одлука, е што Основното обвинителство се наоѓа пред вселување и направени се пренамени во последните неколку години. Потрошени се средства и направени се специфични лаборатории и истражни центри и самата институција е пред непосредно вселување, изјави Апостолска.

Нагласи дека дека депото во старата зграда се уште е на располагање на Државниот архив.

На новинарско прашање, што доколку нешто во меѓувреме се уништи и чија ќе биде одговорноста, Апостолска, рече дека одговорноста треба да се бара таму каде и кој си ја донел одлуката.

– Би требало Државниот архив да си ги испитува тие состојби и да си предлага активности и иницијативи, рече Апостолска.

Во февруари НОВА и Ноќното студио на Телма беа во Архивот на Македонија. Какви се документи се чуваат во Архивот и под кои услови, повеќе од репортажата.

Архив на Македонија Влада нов објект
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.